Рецесија е повлекување на гингивата (непцата) околу забите, а се приметува кога дел од коренот на забот станува видлив. Оваа состојба може да настане поради повеќе причини и нивна комбинација. Најчестите причини вклучуваат присуство на тенок биотип на букалната коскена ламина и тенок биотип на гингивата, кои се подложени на некаква сила како на пример: трауматска оклузија (неправилен загриз), преголем загриз, прекумерна сила при четкање на забите со тврди четки и други.
Рецесиите можат да бидат изолирани, само на еден заб, или мултипни, односно на многу или на сите заби. Повлекувањето на гингивата е сериозен проблем кој може да доведе до чувствителност на забите, естетски проблеми и зголемена ризичност од кариес и пародонтални болести.
Терапијата започнува со проценка на големината на рецесијата, нејзината присутност во забалото, прогресијата и видливоста при насмевка или зборување. Ова е клучно за да се одреди соодветниот третман. Во наједноставните случаи, селективното стругање на забите може да помогне во елиминација на трауматската оклузија. Оваа метода е минимално инвазивна и може да биде ефективна за помали рецесии.
Посложените случаи на рецесии бараат понапредни методи на лекување. Еден од најчестите пристапи е пресадување на гингивата, односно на меките ткива. Ова најчесто се прави со земање на ткиво од тврдото непце на пациентот во форма на автотрансплантат. Овој метод е многу ефективен и овозможува природен изглед и функционалност на гингивата. Друг метод е вградување на вештачки мембрани, кои помагаат во регенерацијата на гингивата и заштита на изложените делови на забите.
Повлекувањето на гингивата е сериозен стоматолошки проблем кој бара навремена и соодветна интервенција. Доколку забележите знаци на рецесија, како видливост на корените на забите или чувствителност при јадење и четкање, консултирајте се со стоматолог за да добиете професионален совет и соодветна терапија. Со правилна грижа и третман, може да се спречи понатамошно влошување и да се врати здравјето и убавината на вашата насмевка.
Слободно контактирајте го тимот на ВЕГА за бесплатни консултации.