Третман на длабоки кариеси (третман на кариес кој е близу до забниот нерв)

Ако кариесот навлегол многу длабоко во насока на пулпата-јадрото („нервот“) на забот, тогаш постои третман со кој со специјални подлоги истиот се заштитува а, потоа забот соодветно се надополнува. Секако дека ова се работи со локална анестезија и е комплетно безболен третман. Но, и покрај сите мерки овие заби имаат поголем ризик во текот на следните години да добијат некроза или спонтано одумирање на нервот на забот заради тоа што тој веќе има оштетување од кариесот што бил присутен. Иако чист и со одлична пломба, овие заби после повеќе години може да дадат или безазлени симптоми или понекогаш јака неколку-дневна болка која потоа исчезнува но е знак дека нервот на забот треба да добие друг третман наречен  ендодотски третман. По ставањето на композитно полнење тн. пломба забите кои претходно имале длабоки кариеси, или пак кога спојот на остатокот на забот и пломбата се во една гранична – осетлива зона, забот може да даде осетливост на ладно. Таа осетливост е реакција на хемиските процеси во тек на пломбирањето и е минлива во текот на следните денови. Ако забот по пломбирањето е осетлив на притисок, тоа е знак дека новата форма на забот, при процесот на џвакање, има преран контакт со некој од спротивните заби и за тоа да се коригира треба да се направи минимална корекција на точка од новата пломба со што проблемот се решава.