Контрола и одржување на орално здравје после третман на пародонтална болест

Откако пародонталната болест ќе се излекува и ќе се доведе во фаза на одржување на пародонтално здравје, пациентот треба да биде особено добро обучен и доследен во секојдневното одржување на своето орално здравје, вклучувајќи додатни елементи. Тоа се: секојдневно користење на интердентални четкичи, забен конец, автоматски промивачи на меѓузабните простори или испирање на устата со соодветни антибактериски препарати по совет на стоматологот во ВЕГА. 

Втор многу важен сегмент е дека треба да го следи ритамот на редовни пародонтолошки чистења на забите, препорачани од неговиот стоматолог во ВЕГА. Тие третмани, кај пациенти со пародонтопатија понекогаш се 2 до 6 пати во годината, зависно од состојбата на болеста.

Постоењето на периопатогените бактерии т.е. бактериите предизвикувачи на оваа болест во устата не исчезнува после професионалното чистење, туку се намалува до речи си незначителна микроскопска количина. Во такво минимално присуство на овие бактерии не се доволно силни да го победат локалниот имунитет на устата. Но кога тие подолго живеат во устата, со нивното размножување развиваат биофилм околу забите. Што подолго тој биофилм, таа бактериска наслага, опстојува околу забот, толку поштетна станува за ткивото, кое по извесно време не може да се спротивстави на штетните супстанци од се поштетниот бактериски биофилм, како резултат на што здравото ткиво се разболува и се јавува нова загуба на коска и гинигива а, забот ја губи својата потпора.

Заради тоа толку е важно: секојдневно правилно одржување на забите чисти и редовни професионални чистења на забите од штетниот бактериски биофилм, кој се наоѓа во цврстата и мека наслага.

Ако се исполнат овие два услова, дури и хронична и прогресивна болест како што е пардоноталната болест, може да се спречи.