Пародонтолошки случаи се компликации како резултат на пародонтална болест (хронична и прогресивна), предизвикана од бактерии наречени периопатогени. Истите опстојуваат само кај луѓе со специфични услови во устата, и се многу штетни за коската и гингивата околу забите. При неправилна орална хигиена или недостаток на професионално чистење на забите, тие предизвикуваат воспаление и загуба на коска и гингива. До овој степен на воспаление може да се стигне и за неколку месеци, без правилна орална хиегиена. Кај луѓе кај кои пародонталната болест не е лекувана, може да дојде до масовна загуба на заби, а и лоша состојба на преостанатите заби.
На почетокот, правиме детален пародонтолошки преглед и ги дијагнозираме сите параметри на болеста. Потоа ја поставуваме правилната форма и стадиум и одредуваме тераписки протокол. По дијагнозата, се прави иницијална терапија, а потоа терапија по региони, било нехируршка или хируршка, соодветно на состојбата. Потоа следува нова евалуација и планирање на дефинитивно реконструирање на забалото.
Целокупната терапија се состои од два чекора:
Лекување на пародонталната болест
Реконструкција на забалото
Овие два чекора се неопходни и се изведуваат во овој редослед. Крајниот долгорочен резултат кај сложените, доминантно пародонтолошки случаи зависи од двата чекора. Отстранувањето на биофилмот од бактерии и обуката за негово држење под контрола нема да вродат со долгорочен резултат ако преостанатите заби не се стават во стабилна протетска спрега, која ќе ги одржува стабилни од џвакалните сили. Овие пациенти ќе мора почесто да прават професионални чистења на забите, но со тоа имаат добри шанси за квалитетен живот со природните заби.
Во ВЕГА, нашите доктори ги следат сите потребни чекори за да се обезбеди успешна терапија и долгорочна стабилност на вашите заби, обезбедувајќи квалитетен живот и здрава орална хигиена.
Контактирајте нè за повеќе информации и убава насмевка!