НОВОСТИ

7. Април – Светски ден на здравјето

По повод 7. Април, Светскиот ден на здравјето Ве покануваме да ги посетите нашите содржини, со цел што поквалитетно да се информирате за своето орално здравје.

Надоградување на коска кога природната е изгубена

Ако коската на местото кадешто е изваден забот е многу атрофирана а, треба да се стави дентален имплант, решението е „да се пресади коска“ со методата на регенерација на ткивата со помош на вградување на вештачка коска и соодветни ресорптивни и нересорптивни мембрани. Со тоа коската го зголемува својот волумен и благодарение на оваа модерна технологија таа повторно е во димензиите што се потребни за безбедно да се вгради имплант.

Ова е рутинска интервенција во нашата ординација и е начин како да се стави имплант кајшто фали заб и со тоа да се избегне препарација на забите за мост таму кадешто не мора.  За повеќе информации закажете преглед на нашите телефони за контакт.

Пакет за младоженци

Убавината и здравата насмевка имаат особено значење во свеченте моменти од животот.

Со нашиот пакет за специјалниот ден, можете да изгледате прекрасно и да имате убави спомени.

Пакетот за младоженци опфаќа две професионални белења на забите, две домашни белења на забите, две професионални чистења на забите и посебен пакет по потреба од 4 нано-композитни високо-естестки фасети – ламинати на предните заби.

За повеќе информации закажете кратка консултација на нашиот фиксен телефон 3210 222.

Повеќе

Импланти веднаш по вадењето на забот

Загубата на еден заб е секогаш трауматско искуство.

За среќа, во ВЕГА за вашата насмевка можете да добиете имплант во истата посета со вадењето на забот.

Наместо да се прават две интервенции, со истата анестезија може да се извади забот и на негово место да се стави имплант, а ако има услови и привремена коронка.

За подетални информации, на нашиот фиксен телефон 3210 222 закажете кратка консултација.

Ideal Aligner

IDEAL ALIGNER е уникатна можност за мали корекции на искривени заби или други мали неправилности кои долго време Ви пречат во Вашата насмевка. Нив можеме да ги коригираме за само неколку месеци со 3Д технологија и изработка на серија од специјални проѕирни фолии.

Информирајте се!

За насмевка од срце!

ВЕГА за вашата насмевка