Планирање на комплексни стоматолошки случаи

Комплексни стоматолошки случаи се кога луѓето имаат проблеми и/или недостаток на повеќе заби, кога функцијата на џвакање и естетиката се толку нарушени, што за решавање на таа состојба потребно е да се вклучат три или повеќе стоматолошки дисциплини.*

*(Park et al., 2011) S.E. Park, P. Timothe, R. Nalliah, N.Y. Karimbux, T.H. Howell A case completion curriculum for clinical dental education: replacing numerical requirements with patient-based comprehensive care J Dental Educ, 75 (2011), pp. 1411-1416

Дијагнозата, планот на терапија и изведбата на терапијата кај вакви проблеми, бара од стоматологот високо ниво на компетенции. За таа цел, ние во ВЕГА работиме во мали тимови со мултидисплинарни компетенции, со цел да ги опслужиме комплексните стоматолошки случаи со најдобра можна нега.

Кога пациентите ќе побараат решение за нивната проблематична состојба на забалото, наш принцип на работа е прво да се направи детален стоматолошки преглед со нотирање на сите релевантни параметри во стоматолошки софтвер, потоа да побараме соодветни додатни анализи како конкретна РТГ снимка, лабораториски анализи и/или анализа на модели или фотографии и врз база на собраните медицински податоци да изработиме планови на терапија, кои на следната посета ги разговараме со пациентот. На таа посета се носи одлука што точно и по кој редослед ќе се работи, колку време ќе биде потребно, колку фази ќе има, колку ќе чини и што може да се очекува по завршената терапија.

Овој наш принцип на работа, во нашето искуство се докажа како најуспешен и најблагодарен, за што сведочат нашите многубројни долгогодишни пациенти.