Високо-естески порцелански ламинати

Што се високо-естески порцелански ламинати?

Високо-естетски порцелански ламинати се тенки порцелански навлаки кои се поставуваат на предната страна од забите за корекција на форма, боја или поставеност на забите. Овие ламинати можат да создадат природен и привлечен изглед на вашата насмевка.

Услови за планирање на високо-естески порцелански ламинати

Пред да започнеме со планирање на порцеланските фасети, потребно е да се исполнат следниве услови:

  • Здрави заби

  • Беспрекорно здрава гингива

  • Присуство на сите заби во бочната регија

  • Стабилен загриз

  • Отсуство на парафункција, како што е бруксизам (шкрипење со забите)

Ако било кој од овие критериуми не е исполнет, потребно е да се направи соодветна санација. На пример, кариеси, воспаление на гингивата или отсуство на заби треба да се третираат пред да започне процедурата. Кај пациенти со бруксизам, истрошени или изабени заби, е потребна специјална протетска анализа и корекција на загризот, со заштита на фасетите со ноќен чувар.

Процедура и опции

Порцеланските фасети се изработуваат со дебелина од 0.2мм до 1мм, во зависност од позицијата и големината на природните заби. Минималното стругање на забите се изведува на глеѓта, а процесот трае 7 работни дена во 2-3 посети.

Пред изработка на финалните фасети, се прави модел во восок (wax up) и пробни фасети (mock up) за да видите како ќе изгледаат. Овие пробни фасети ви дозволуваат да добиете целосна претстава и да направите корекции пред финалната процедура.

Lumineers

Lumineers се популарни порцелански фасети кои не бараат стругање на забната супстанца. Тие се изработуваат во две посети, без болка и анестезија, и се целосно реверзибилни. Нашите Lumineers насмевки имаат докажана трајност до 20 години.

Наша цел е да ви обезбедиме целосни информации и да ви овозможиме информираност при донесувањето одлуки. Нашата пракса е заснована на бавна стоматологија, која ја практикуваме повеќе од една деценија, со фокус на долгорочни, здрави и естетски успешни реставрации. Контактирајте нè за повеќе информации!

Закажи Термин
Пред before image
Потоа after image