Контрола и одржување на орално здравје после импланти

Имплантите се замена за коренот на забот кој бил изваден. Тие се всушност носачи на коронка, мост или протеза зависно од состојбата која се лекува. Но и тие, иако се од титаниум и се заштитени со коска и гингива врз нив, во услови на лоша орална хигиена можат да почнат да ја губат својата потпора од околна гингива и коска. Затоа односот кон имплантите и протетските изработки носени од импланти, мора да биде еднакво сериозен како и кон сопствените заби. Секојдневното чистење на забите и држење на протетските изработки врз импланти совршено чисти, овозможува имплантите да бидат трајно решение за изгубените заби. За таа рутина ние ги обучуваме нашите пациенти во текот на процесот на терапија, бидејќи во нашата ординација тоа е важен дел на целокупната терапија.

Ритамот на професионални чистења и контроли не треба да бидат поретки од 2 пати годишно, што е и златен стандард за правилна орална хигиена.

Само сеопфатност во работата, може да даде долгорочни разултати и изработки носени од импланти без проблеми, што е наша цел и наше досегашно искуство.