Ласерско продолжување на заб е современа стоматолошка процедура која користи ласерска технологија за ремоделирање на гингивата и околната коска. Целта е да се открие поголема површина од забот за да може да се постави коронка или друг протетски надоместок. Оваа процедура е позната и како ласерско продолжување на клиничката коронка.
Кога мостовите се постари од 10 години, може да настанат проблеми. Овие проблеми вклучуваат појава на кариес на вратот на забот под коронката или хронично воспаление на гингивата околу коронките. Во некои случаи, може да дојде до кршење на природен заб на ниво на гингива, оставајќи го само коренот на забот. Ова е проблем затоа што истиот нема да може да се покрие со коронка поради оштетената состојба.
Во вакви ситуации, потребна е хируршка процедура за ремоделирање на гингивата и понекогаш на околната коска. Со ова се прави терен за погоден за вградување на коронка. Оваа процедура, позната како продолжување на клиничката коронка, може да го спаси забот од екстракција. Со локална анестезија и кратка интервенција, коренот на забот станува достапен за надополнување со колче и пломба. Откога успешно ке се вградат истите, може да се надградат со коронка.
Во нашата ординација при ВЕГА, често користиме ласерска технологија за време на оваа процедура. Ласерот помага во спречување на крварење и го прави работењето полесно и попрегледно. Ласерската технологија овозможува поефикасна и попрецизна интервенција, со што се намалуваат постоперативните компликации. По интервенцијата, обично се препорачува да поминат околу три недели за да се обезбеди целосно заздравување на ткивата околу коренот на забот и да се создадат идеални услови за прецизно поставување на порцеланската коронка.
Со оваа процедура, заби кои би биле отпишани поради оштетување или кариес може да се спасат и да продолжат да служат во функцијата на џвакање, благодарение на правилното ремоделирање на гингивата и ласерската технологија. Ова значително го подобрува квалитетот на животот на пациентите, овозможувајќи им да имаат здрави и функционални заби подолг период.
Со повеќе од една деценија искуство, нашиот тим за орална хирургија е тука за вас! Контактирајте нè за повеќе информации и здрава насмевка!