Порцелански инлеи и онлеи

Понекогаш кариесот прави толку масивни оштетувања, обемни загуби на забно ткиво така што нано-композитните пломби не можат долгорочно да го реконструираат забот, ниту пак да му ја дадат функцијата на загризот што тој заб треба да ја има. Ако сè уште забот има доволна количина цврсти ткива а, композитно полнење не задоволува, тогаш изгубениот дел од забот може да се надополни со чист порцелан. Исчистениот заб од кариес, се подготвува за инлеј/онлеј и се отпечатува кој потоа се испраќа во заботехничка лабораторија. Во забната техника постои модерен начин на компјутерско скенирање на моделот и компутерско изрежување на парчето што на забот му фали од чист порцелан. Инлејот потоа се враќа во нашата ординација и со соодетен систем за цементирање, трајно се цементира во забот со што тој станува потполен, цврст и спасен од коронка.

Закажи Термин
Пред before image
Потоа after image