Контрола и одржување на орално здравје после обемни протетски зафати

Загубата на забите неминовно носи свои непријатности, како неефикасно и променето џвакање, променет изговор, естетски проблеми итн.

За среќа, протетските изработки ја враќаат функцијата и естетиката на забалото во целина но, тие се внесуваат во устата и стануваат дел од еден нов биолошки систем. Тие, во устата на пациентот, се наоѓаат во истите услови како и природните заби и се изложени на истите биолошки фактори, па затоа нивната хигиена е особено важна за здравјето на забите – носачи на тие протетски изработки и за околната гингива. Со други зборови, секој мост, коронка, фасета или протеза во устата, при професионалното чистење на забите се чисти, а неговата состојба на хигиена се евалуира. Според тоа каква е состојбата, пациентот се обучува, како токму таа изработка најсоодветно треба да ја чисти. Најчесто тоа се едноставни методи, но затоа што се нови, важно е да бидат јасно демонстрирани и на контролните чистење на забите, повторени и усовршени.

Во тој случај луѓето стануваат свесни за нивото на сопствената орална хигиена и имаат сосема нова перцепција за истата, со што учествуваат во долгорочниот успех на секоја наша терапија. Тоа е и една од уникатните карактеристики на пациентие на ВЕГА, свесноста за сопственото орално здравје која започнува со правилна орална хигиена.