Во мај годинава Д-р Даниела Цветановска Стојчева учествуваше на пресрижниот регионален настан одржан во Имплантолошкиот центар на Униветзитетот во Белград. Обуката беше на тема: “Тунел техника во терапија на рецесии” одржана од иноваторот на оваа техника Проф. Др. Антон Скулеан од Универзитетот во Берн, Швајцарија и “Најнови методи во терапија на периимплантитис” од Проф. Др. Ставропулос од Универзитетот во Шветска, со цел ажурирање на нашите хоруршки протоколи во ВЕГА за вашата насмевка на најновите достигнувања во светот.
Во периодот 23-27 ноември 2025 д-р Даниела Цветановска Стојчева престојуваше на семинарот по дентална имплантологија на престижниот универзитет во Осака, Јапонија кадешто имаше можност да ги усоврши своите знаења од имплантологијата од хируршки и протетски аспект, со цел нашите имплантолошки протоколи постјано да бидат ажурирани на препознатливото светско ниво.
Минатиот викенд д-р Даниела Цветановска Стојчева, на покана на ESCD Macedonia Study Club и Македонското здружение за естетска стоматологија (МЗЕС) одржа предавање со наслов “Естетика кај комплексни случаи” споделувајќи дел од богатото клиничко искуство со колегите
Во периодот 7.- 9. мај Д-р Боби Мицевски присуствуваше на интернационалниот годишен Симпозиум на БаСС, (Балканската стоматолошка асоцијација) во Солун, кадешто ги збогати своите искуства во повеќе стоматолошки области.
Уште еден едукативен викенд, кој д-р Боби Мицевски го помина на стручниот настан на TomorrowTooth во Белград на кој имаше можност да го прошири своето богато знаење во областа оклузија и стоматолошка протетика.
Во периодот од 3.до 6. септември д-р Даниела Цветановска Стојчева беше поканета на ВИП настанот на светски реномираната компанија за регенеративни технологии на оралните ткива BOTISS, во Берлин Германија, со цел презентација и обука за најновата мембрана, која е најновото достигнување во формирање и регенерирање на нова коска и гингива. Од сега ексклузивно достапна и за пациентите на ВЕГА за вашата насмевка, во соработка со Vik Dental Makedonija
На 27.03.2021 на покана од Egzona Mustafa od Klinika Gjermane, ВЕГА гостуваше во Приштина. Д-р Ана Бундалевска Александровска, DenMat амбасадор, одржа целодневен курс со наслов: Минимално инвазивна естетска стоматологија. Курсот опфати презентација на техники за подготовка и адхезивно цементирање на порцелански фасети на пациент во живо со највисоко ниво на заштита од Ковид 19. Беше прекрасно искуство на размена на енергија и знаење.
Отвораме нова страница: Нашата работа со иновативни регенеративни методи во областа на имплантологијата и регенерацијата на ткива: коска и гингива, публикувана во интернационално научно списание е само еден од доказите за нашата сериозност и посветеност да работиме стоматологија на 21.-иот век.
Ги добивме и првите сертифицирани доктори за германскиот имплантен систем МЕДИГМА
Пролетва ги добивме и првите сертифицирани доктори за германскиот имплантен систем МЕДИГМА којшто во ВЕГА го одржа д-р Даниела Цветановска Стојчева во соработка со БИОМЕДИКАЛ ИМПЛАНТ. Темите беа претставување на системот, приказ на случаи со овие импланти, хируршки принципи, протетика врз импланти и специфики на импланто-протетика и насоки за долгорочен успех на имплантната терапија.
Протоколите во ВЕГА за лекување на нашите пациенти се наш прв приоритет!
Ова беше прекрасен викенд за нас од посветен на најквалитетната едукација на светско ниво во областите дентална имплантологија и пародонтологија на кој во Берлин присуствуваа д-р Даниела Цветановска Стојчева, а во Дубровник д-р Боби Мицевски.
Во Берлин се одржа имплантолошкиот 30. – годишен јубилеј на ЕАО Европската асоцијација за осеоинтеграција заедно со 37. Конгрес на ДГИ – Германското имплантолошко здружение во заеднички конгрес на кој предавачи беа светски познати професори од областа на деталната имплантологија, протетика и пародонтологија. На овој конгрес присуствуваше д-р Даниела Цветановска Стојчева, со цел да ги обновиме и збогатиме нашите протоколи во имплантологијата од овој настан, кој е на мапата на најквалитетни настани од оваа област во светски рамки.
Истовремено во Дубровник на годишниот Симпозиум на ИАП – Интернационалната академија за пародонтологија заедно со Хрватското пародонтолошко здружение присуствуваше д-р Боби Мицевски кадешто свои предавања одржаа професори лидери во пародонтологијата денес.
Но, повеќе за присуството на ВЕГА на овие светски настани во Берлин на ЕАО & ДГИ и во Дубровник на ИАП & ХПД може да се види од сликите.
Ажурирање на нашите протоколи со најквалитетна едукација, останува наш прв приоритет, затоа што “Учењето никогаш не завршува” како што беше и слоганот на јубилејниот симпозиум ма ЕАО.
Базичен курс за германските дентални импланти МЕДИГМА
По трет пат годинава, овојпат со најголем број учесници до сега, завршивме базичен курс за германските дентални импланти МЕДИГМА. Обуката ја одржа д-р Даниела Цветановска Стојчева, во соработка со БИОМЕДИКАЛ ИМПЛАНТ, во убава атмосфера на амбициозни колеги, а секој од учесниците имаше можност во делот hands on, на модели да ги проба и хируршките и протетските фази.
Имплантолошкиот конгрес на International Team for Implantology (ITI), кој годинава беше во Белград, а кој обедини 10 светски најцитирани професори од областа на деталната имплантологија.
Во духот на Божиќ и дарувањето, ВЕГА оваа година се потруди да долови дел од магијата за децата од СОС Детско село.
Во текот на декември целата наша екипа учествуваше во китењето на дворот и заедничките простории. Исто така секоја година децата од СОС Детско село ги кажуваат своите новогодишни желби, а Вега израдува десетина деца со исполнување на овие желби!
УБАВИНАТА НА НАСМЕВКАТА Ова се најчестите барања на пациентите за естетски корекции
Насмевката е првиот контакт, првото нешто со кое се претставуваме во секоја релација и особено е важно да зрачи со самодоверба. A оваа самодоверба ја стекнуваме кога знаеме дека нашите заби се здрави, устата чиста и дека насмевката ги задоволува критериумите за естетика.
Д-р Боби Мицевски, специјалист по пародонтологија во ВЕГА за вашата насмевка, зборува за Слободен печат за оралното здравје и за својот кариерен пат.
Фактор здравје – Стоматологија во услови на Ковид 19
Како до побели заби? Начини за избелување на забите
Д-р Боби Мицевски го посети реномираниот регионален стоматолошки Конгрес во Ниш, Naissa
Вo текот на 10-11.02.2026 Д-р Боби Мицевски го посети реномираниот регионален стоматолошки Конгрес во Ниш, Naissa кадe се стекна до многу новини и знаења во повеќе области во стоматологијата, особено во неговата потесна специјалност – пародонтологијата
Дел од екипата на ВЕГА, присуствуваше на 22риот Годишен состанок на ESCD
Европското здружение за естетска стоматологија) во Севилја, Шпанија.
Имавме прилика да следиме извонредно богата програма со актуелни теми од областа на реставративната стоматологија, протетиката и ортодонцијата.
УСПЕШНО ЗАВРШИ НАПРЕДНИОТ КУРС ЗА ПОРЦЕЛАНСКИ ЛАМИНАТИ
Во текот на изминатиот викенд, 1-2.11.2024, ВЕГА организираше дводневен курс за минимално инвазивни порцелански фасети со Д-р Мајкл Шнајдер од Калифорнија, САД и Д-р Ана Б. Александровска од ВЕГА. На курсот се вежбаа техники на подготовка на забите за порцелански фасети на модели, а беше и изведена постапката во живо. Курсот го посетија наши колеги со долгогодишно искуство од земјата и од Србија, и имавме прекрасна прилика да споделиме искуства, знаење и многу да се дружиме. Беше чест да бидеме домаќин на овој признат холивудски доктор.
Времетраење: 14 часа
Локација: Скопје, Македонија, Хотел „Queen’s“ Скопје
Датум на почеток: 1 ноември 2024 година
Иако ова е мал јубилеј, за нас е многу значаен, Исполнет со многу работа, дружење и задоволни насмевки. Да се множат години во успех и уште многу, многу убави насмевки! Благодарност до сите наши пациенти и соработници!
Не ја пропуштајте можноста да се сретнете и да учите од д-р Мајкл Шнајдер, познат стоматолог од Лос Анџелес, Калифорнија. Тој има предавано на сите континенти, подучувајќи минимално-инвазивна естетска стоматологија на повеќе од 100 предавања на илјадници стоматолози од 2005 година до денес.
Времетраење: 14 часа
Локација: Скопје, Македонија, Хотел „Queen’s“ Скопје
Датум на почеток: 1 ноември 2024 година