Хирушко вадење на умници

Зошто е неопходно хирушко вадење на умници?

Третите катници, познати како „осмици“ или „умници“, се последните заби кои никнуваат во забната низа. Обично, тие се појавуваат по 20-тата година од животот. Често, поради недостаток на простор, овие заби никнуваат искривено или не можат целосно да излезат, што може да предизвика различни проблеми. Во такви случаи, хируршкото вадење е неопходно.

Проблеми со „умниците“ и причините за нивно вадење

Импактираните осмици може да предизвикаат штета на соседните заби, создавајќи пародонтални џебови или инфекции со силна болка и оток. Полуникнатите осмици можат да доведат до кариеси на седмиците и да предизвикаат збиеност на останатите заби, што резултира со искривени предни заби. Докторот ја донесува одлуката за вадење на умниците врз основа на клинички преглед и рентген снимка.

Процес на хирушко вадење на умници

Хируршкото вадење на забите подразбира тимска подготовка, соодветни апарати и инструменти. Процедурата вклучува мал рез на мекото ткиво, работа во тврдите ткива, вадење на корените и затворање на раната. Сите фази се безболни благодарение на анестезијата.Процесот вклучува подготовка на просторијата, пациентот и обезбедување на анестезија за безболна процедура. Обично, болката е минимална, а отокот исчезнува за неколку дена. Секој хируршки зафат опфаќа термин за дијагностика, хируршка интервенција, кратка контрола утредента и контрола по 7 дена.

Постоперативни инструкции

За најчести реакции и потребите по интервенцијата, објаснувања се даваат на контролите што се закажуваат после интервенцијата.

Хируршко вадење на скршени заби или гангренозни корени

Некои заби се толку уништени од кариес што нивните корени остануваат во коската, недостапни за класично вадење. Во такви случаи, хируршкото вадење е побрзо и поедноставно решение. Оралниот хирург користи соодветна апаратура и инструменти за безболно и брзо вадење на проблематичните корени. Овој пристап овозможува брзо зараснување поради правилното ракување со ткивата.

Со повеќе од една деценија искуство, нашиот тим за орална хирургија е тука за вас! Контактирајте нè за повеќе информации и здрава насмевка!