Третман на длабоки кариеси (близу до забниот нерв)

Како се третират длабоки кариеси?

Длабоки кариеси се ситуации кога кариесот навлегува длабоко до пулпата на забот,  а каде за санација е неопходен специјализиран третман. Овој третман најпрво започнува со темелно отстранување на кариесот. Потоа настапува заштитата на нервот, како и композитното полнење (избрано да се вклопи со природната боја на забот). Целиот процес се изведува под локална анестезија, што го прави третманот комплетно безболен за пациентот.

И покрај сите мерки за заштита, овие заби имаат поголем ризик за некроза (спонтано одумирање на нервот). Ова се случува бидејќи нервот веќе е оштетен од присутниот кариес. Иако забот е чист и има одлична пломба, со текот на времето може да се појават симптоми на блага (или силна) болка. Оваа болка трае неколку дена и потоа исчезнува. Ова е знак дека нервот на забот е сериозно оштетен и дека треба да се изведе друг третман наречен ендодонтски третман (коренско лекување). Во овој процес, нервот на забот се отстранува и каналите на коренот се чистат, дезинфицираат и пополнуваат со специјален материјал за да се спречи понатамошна инфекција.

По ставањето на композитното полнење, забите кои претходно имале длабоки кариеси може да покажат осетливост на ладно. Оваа осетливост е нормална и е минлива во текот на следните неколку дена. Ако забот по пломбирањето е осетлив на притисок, тоа значи дека новата форма на забот при џвакање има преран контакт со некој од спротивните заби. Овој проблем се решава со минимална корекција на точката од новата пломба.

Третманот на длабоки кариеси (близу до забниот нерв) бара внимателно и професионално справување за да се избегнат компликации. И покрај успешниот третман, редовните прегледи се клучни за следење на состојбата на забот и навремено реагирање при евентуални проблеми.

Контактирајте нè за повеќе информации и да закажете консултација за вашата нова насмевка!

#zabnabolka #umrtvuvanjenazab #endodoncija#zabennerv