Ортодонција

Што е тоа ортодонција и како се спроведува во ВЕГА?

Ортодонција е специјализирана гранка на стоматологијата која се занимава со дијагноза, превенција и корекција на неправилности во забите и вилицата. Целта на ортодонцијата е да постигне исправени и функционални заби, правилен залак и подобрена естетика на насмевката. Ова се постигнува преку користење на различни ортодонтски апарати, како што се фиксни брекети, мобилни апарати и проѕирни фолии (алигнери).

Исправени и здрави заби се желба на секој човек, особено на оние кои природно имаат преклопени, искривени или забите им се во лош меѓусебен сооднос. Овие проблеми не само што влијаат на естетиката, туку можат да предизвикаат и здравствени проблеми, како што се потешкотии во џвакање, проблеми со говорот и неправилно абење на забите.

Современата ортодонција успешно ги решава овие проблеми преку темелна анализа и поставување на соодветни ортодонтски апарати. Постојат различни видови апарати, вклучувајќи мобилни и фиксни ортодонтски апарати, како и проѕирни ортодонтски фолии. Секој од овие методи има свои предности, а изборот зависи од индивидуалните потреби и состојба на пациентот.

Изборот на нови поестетски материјали, како што се проѕирни брекети и шарен избор на елементи, значително ја разубавуваат терапијата. Овие модерни решенија ја прават ортодонската терапија поприфатлива и за оние кои не се задоволни со класичните метални брекети. Проѕирните брекети, на пример, се многу помалку забележливи и можат да ја зголемат самодовербата на пациентот за време на терапијата.

Ортодонтски прегледи

Првата консултација со специјалист по ортодонција се препорачува на возраст од околу 7 години кај децата. Ова е идеално време за откривање и корекција на евентуални неправилности во растот на забите и вилицата. Но, ортодонцијата е исто така ефикасна и кај возрасни пациенти. Без разлика на возраста, ортодонските третмани можат да дадат прекрасни резултати, така што никогаш не е доцна да се реши проблем кој сте го игнорирале со години.

Одржувањето на добра орална хигиена за време на ортодонската терапија е клучно за успешни резултати. Редовното четкање, користењето на конец за заби и посети на стоматолог се основни мерки кои ќе помогнат во одржување на здравјето на забите и вилицата за време на терапијата.

Контактирајте нè за повеќе информации и здрава насмевка!