Кога поради некоја причина нервот на забот треба да се отстрани, велиме дека треба да се направи ендодонтски третман.
Најчесто забот е веќе „умртвен“, па оваа процедура е безболна и нема потреба од анестезија. Но, кога при некои дијагнози делови од нервот се сепак осетливи, процедурата се изведува со локална анестезија и е безболна. Каналите на коренот на забот треба механички и хемиски да се исчистат и дезинфицираат, а потоа прецизно (до дел од милиметар), да се наполнат со трајно ендодонтско полнење.
Ендодонтски третман
Ендодонтски третман
Во ВЕГА, за ендодонтски третман на забите користиме неколку современи системи за работа, кои вклучуваат апаратура специјализирана за таа намена . Со неа, со извонредна прецизност (во дел од милиметарот) ја мериме должината на коренските канали. Истите ги дезинфицираме и овозможуваме успешно лекување и непречено функционирање на „умртвените“ заби. При третманот за постигнување на највисока можна прецизност користиме и дигитален рентген, како и специјални лупи за што попрецизно работење. За сушење на работното поле користиме систем на кофердам.
Ендодонтските интервенции се исклучително прецизни и за нив е потребна обемна и специфична опрема, како и искуство и фат!
По завршениот ендодонтски третман, очекувана е лесна или умерена осетливост, која исчезнува по ден-два..
Ендодонтски третираните заби, за да стасаат до ендодонтски третман најчесто имале длабоки или, и длабоки и обемни кариеси со што веќе имаат изгубено многу забна супстанца. Тие се крти, посуви и послабо отпорни на џвакални сили. За да се спасат од тоа да бидат скршени при нормално џвакање, пожелно е да добијат порцеланска коронка, со што нивниот живот значително се продолжува.
Современата стоматологија е спасител на забите. Превенира хируршки зафати како апикотомии и екстракции, а ги зачувува природните заби што е и главна цел на секој стоматолог.
Во ВЕГА, нашиот тим нуди естетски решенија кои гарантираат здрави, трајни и одлични резултати.