ЗА НАС

Нашето единство се состои во ентузијазмот да работиме безбедна, модерна, софистицирана и долгорочно успешна стоматологија со предвидливи резултати.

Основен принцип на работа за нас, во хумана, медицинска гранка како што е стоматологијата, е добробит на нашиот пациент.

При решавањето на комплексните проблеми, на сложените случаи, нашиот принцип на работа е: врз база на научно-докажани протоколи да се изготви и да се спроведе план на терапија, уникатен за конкретниот пациент, земајќи го во обзир неговото орално здравје како целина, а со цел – во временска конотација – да се добие долгорочно квалитетно решение.

Во нашите ординации се употребуваат современи технологии на работа како што се употреба на ласер во стоматологијата, дигитална РТГ дијагностика, најмодерна опрема за имплантологија, софистицирани естетски и протетски процедури како и хируршка реконструкција на ткива.

Модерните технологии што ги користиме го олеснуваат работењето, го скратуваат времето на работа и го забрзуваат крајното решение, но само ако се вметнати во сериозно обмислен и доследно остварен план на терапија од Вашите доктори во ВЕГА за вашата насмевка.

За насмевки од срце,
Вашиот тим од ВЕГА!