Ласерска терапија на пародoнтална болест

Ласерите во стоматологијата имаат особено значење во терапија на пародонталната болест. Некои од денталните ласери со својата бранова должина делуваат точно на бактериите предизвикувачи на пародонталната болест. Со нив во длабоките пародонтални дефекти, во кои има механички недостапен биофилм од бактерии, истиот е „дофатлив“ со светлосниот зрак на ласерот. Ние во ВЕГА користиме најсовремен ласер кој има секојдневна употреба во третманот на пародонталната болест.