Импланти при загуба на крајни заби

Понекогаш има ситуации кога само еден забен низ нема катници. Овие луѓе ги имаат сите заби но, од некоја причина на еден крај од забниот лак во една или во двете вилици ги изгубиле, извадиле забите и немаат краен заб кој би бил носач на мост.

Порано, во овие ситуации се правеле еднострани мобилни протези.

Но имплантите се идеалното решение за овие ситуации денес. Наместо човек да не може да ја употребува само едната страна од устата или да мора да носи протеза само затоа што еден од 4-те краеви на забините лаци нема катници, може да добие импланти и фиксен мост врз нив и џвакалната функција на таа страна во потполност да се врати.

Ова е и една од трите главни индикации кога се применуваат импланти.

Поставата на еден или два импланти на крајот на забниот низ овозможува фиксен порцелански мост – носен од импланти, кој ги заменува изгубените заби и тие се повторно тука!