Обука за соодветна орална хигиена

Што е и зошто е важна редовна орална хигиена?

Оралната хигиена е важна за одржување на здравјето на забите и непцата. Таа вклучува редовно четкање на забите, користење на конец за заби и плакнење со антисептични раствори. Добрата орална хигиена спречува кариес, гингивитис и слично, истовремено одржувајќи свеж здив.

Оралната хигиена и нашите пациенти

Секој пациент во нашата ординација има сопствено досие во нашиот стоматолошки софтвер. Во првите посети се врши детален преглед на состојбата на устата, вклучувајќи ги забите, гингивата и меките ткива, а сите параметри се ажурираат софтверски.

Детален преглед

При деталниот преглед, параметрите за орална хигиена ни покажуваат колку пациентите се обучени и ефикасни во одржувањето на своето орално здравје. Наша задача, во рамките на професионалното чистење на забите, е да им укажеме на пациентите во кои зони од устата треба или можат да бидат подобри во одржувањето на своите заби чисти.

Упатства за ефикасна орална хигиена

– Користење на забен конец: Им покажуваме на пациентите како едноставно и ефикасно да користат забен конец.

– Интердентални четкичи: Објаснуваме кога треба да користат интердентална четка, а кога не.

– Чистење на брикети: Укажуваме на постоењето на четкички за чистење на брикети при фиксните ортодонтски протези и демонстрираме како правилно да ги користат.

Важноста на професионалната нега

Третманот за професионална орална хигиена е особено важен. Со него  ќе се осигураме дека забите се чисти, но и ќе се зголеми мотивацијата за орална хигиена. Златното правило во стоматологијата е дека чистиот заб не може да се разболи ниту од кариес, ниту од пародонтопатија.

Довербата која ни ја давате е значајна. Ние сме посветени на обезбедување целосни информации и поддршка за сите ваши прашања. Со повеќе од една деценија искуство, нашата тимска стоматологија нуди естетски решенија кои гарантираат здрави, трајни и задоволувачки резултати.

Контактирајте нè за повеќе информации и да закажете консултација за вашата нова насмевка!

#interdentalnicetki #oralnitushevi #sonicnicetki #zabenkonec