Коронки

Што се коронки?

Коронки се замена за видливиот, белиот дел на забите кои поради масивни оштетувања мора да бидат заменети со нови, порцелански заби. Коронките се идеални за заби со значителни оштетувања или пломби кои претставуваат поголем дел од забот. Овие ситуации можат да доведат до кршење на забот и негово вадење, па затоа најдобро е да се заменат со порцеланска коронка, што го зголемува векот на траење на забот и ја подобрува неговата стабилност.

Процес на нзработка

  1. Прва фаза: Подготовка на забот, што вклучува стругање или препарација на забот во форма за отпечатување. За веќе “умртвени” заби, процесот е безболен и не бара анестезија. За живи заби, се користи локална анестезија за да се направи процесот безболен. Оваа фаза вклучува и земање отпечатоци и изработка на привремена коронка.

  2. Втора фаза: По неколку дена, се прави проба на основата на коронката за да се осигура точноста и прилагоденоста.

  3. Трета фаза: Проба на порцеланската коронка. Во случај на високо-прецизни изработки, можеме веднаш да ја цементираме готовата коронка во истата посета.

Типови на коронки

  • Метално-порцелански коронки: Овие коронки се направени од метална основа покриена со порцелан. Поради металната основа, тие се почесто користат за задните заби. Металната основа ја дава силата и стабилноста, додека порцеланот обезбедува природна боја.

  • Безметални керамички коронки: Овие коронки не содржат метал и се направени од безметална керамика која верно ја отсликува природната боја и изглед на заби. Погодни се за предните заби поради нивната висока естетика.

Процес на Изработка

Постои минимално време потребно за изработка на коронките, кое зависи од сложеноста на протетската изработка. Кога станува збор за квалитетот, обезбедуваме стручност, врвен избор на материјали и прецизна работа од нашата лабораторија. Нашите коронки природно се вклопуваат со околните меки забни ткива, не ја оштетуваат гингивата и создаваат хармонична целост со околните ткива во устата.

Контактирајте нè за повеќе информации.