Контрола и одржување на орално здравје после дентални импланти

Што се дентални импланти?

Дентални импланти се замена за коренот на забот кој бил изваден. Тие функционираат како носачи на коронки, мостови или протези, зависно од состојбата која се лекува. Имплантите, иако се направени од титаниум и заштитени со коска и гингива, во услови на лоша орална хигиена можат да почнат да ја губат својата потпора од околната гингива и коска.

Како се оддржуваат дентални импланти?

Односот кон имплантите и протетските изработки носени од импланти мора да биде исто толку сериозен како и кон сопствените заби. Секојдневното чистење на забите и одржување на протетските изработки врз импланти во совршена хигиенска состојба е од суштинска важност. Ова овозможува имплантите да бидат трајно решение за изгубените заби.

Во нашата ординација, ги обучуваме нашите пациенти за правилната рутина на грижа за имплантите во текот на терапијата. Ова вклучува демонстрација на соодветни техники за чистење и обезбедување на потребните алатки и совети за одржување на имплантите. Редовното и правилно чистење на имплантите е клучно за нивната долговечност и за избегнување на проблеми како што се воспаление на гингивата или губење на коскената потпора.

Ритамот на професионални чистења и контроли не треба да биде пореток од два пати годишно, што е златен стандард за правилна орална хигиена. Редовните посети кај стоматологот овозможуваат рано откривање на можни проблеми и нивно брзо решавање, пред да доведат до посериозни компликации.

Само сеопфатност во работата може да даде долгорочни резултати и изработки носени од импланти без проблеми. Нашата цел и досегашно искуство покажуваат дека со правилна грижа, имплантите можат да служат долго и без проблеми. Ова вклучува комбинација на професионална грижа, редовни контроли и дисциплинирано одржување на оралната хигиена од страна на пациентот.

Нашиот тим во ВЕГА е посветен на обезбедување на највисоките стандарди во стоматолошката нега. Со употреба на современи материјали и техники, вашата насмевка ќе блеска.

Контактирајте нè за повеќе информации и закажување на термин!