Редовно и професионално чистење на заби

Зошто е важно редовното чистење на заби?

Во нормални услови, во устата на човекот постојат физиолошки услови со специфичен состав на плунката, температура и микрофлора. Во овие услови, нормално е постојано да се создава плак кој се налепува на површините на забите. Овој плак треба редовно да се чисти со чистење на заби – четкање на забите наутро и навечер.

Предизвици

И покрај редовната хигиена на устата и забите, постојат делови меѓу забите кои не се четкаат толку ефикасно, како и места каде има застој на плунка или излез на плунковни жлезди од кои постојано се слева плунка преку некои заби. На овие места, забниот плак може да се минерализира во период од неколку месеци, станувајќи цврста наслага на која се создава биофилм од бактерии. Оваа цврста наслага, понекогаш невидлива на дневна светлина, треба да се отстрани со професионално чистење на забите.

Професионално чистење на заби

Професионалното чистење на заби содржи неколку чекори:

1. Чистење на тврдите и меки наслаги со ултразвук.

2. Полирање на забните површини.

3. Пескарење на забите.

4. Испирање со орални дезинфициенси (во зависност од состојбата на забите, според одлуката на докторот – терапевт).

При посета на стоматолошка ординација, пациентот пациентот треба да добие обука за правилно одржување на орална хигиена, со фокус на техники соодветни за неговите потреби.

Нашиот тим во ВЕГА е посветен на обезбедување на највисоките стандарди во стоматолошката нега. Со употреба на современи материјали и техники, осигуруваме дека вашите заби ќе бидат здрави и функционални. Нашиот тим од специјалисти е тука да ви помогне. Контактирајте нè денес за да закажете консултација и да започнете со трансформацијата на вашата насмевка!

#Cistenjenazabitesoultrazvuk #cistenjenazabi #zabenkamen #pigmentaciinazabite