УМЕТНОСТА КАЈ НАС

art-cover

БИБЛИОТЕКА

Малата библиотека во нашата чекална се состои од наши книги, коишто сакаме да ги споделиме со сите заинтересирани читатели кои минуваат низ нашата ординација, имајќи ја можноста да позајмат книга за да ја прочитаат.

Особено сме им благодарни на сите што ја збогатија малата библиотека со сопствени прочитани книги, кои ги оставија за љубителите на пишаниот збор.

Уживајте во малата читална, а ако книгата Ви се допадне, со задоволство позајмете ја и прочитајте ја до следното видување.

ГАЛЕРИЈА НА СЛИКИ

Уметноста го облагородува животот. Како големи љубители на уметноста сакаме таа да биде што поприсутна во нашето секојдневје. Целта ни е таа да го исполнува просторот во кој се движиме и го минуваме нашето време.

За таа цел нашите ѕидови се изложбен простор на „уметникот во нас“.

Со задоволство им го отстапивме просторот не само на нашите пациенти кои се занимаваат со ликовна уметност, туку и на врвни уметници професионалци!

Информации за изложувачите можете да добиете во нашата ординација.

Уживајте!