Мобилни протези

Што се мобилни протези?

Мобилни протези се протези што можат да се вадат и повторно да се ставаат во устата. Тие се користат во зависност од тоа дали во устата има мал број на преостанати заби или заби воопшто нема. Мобилните протези се делат на:

  • Тотални мобилни протези: Кога во устата нема заби. Тие се потпираат на беззабите гребени и користат принцип на вакуум за да се задржат. Изработени според принципите на естетика и функција, овие протези изгледаат природно и неприметно. За подобрена естетика, новите материјали имитираат природната гингива, а индивидуализираните заби изгледаат поприродно.

  • Парцијални мобилни протези: Кога во устата се преостанати неколку заби. Овие протези се поврзуваат со преостанатите природни заби. Во овој случај, порцеланските коронки на природните заби содржат дел од спојката со мобилната протеза, додека другиот дел е во самата протеза. Ова комбинирано решение ја враќа функцијата и естетиката на забалото.

Комфор и стабилност

За пациенти со изладени коскени структури или големи површини на подвижна лигавица, каде што тоталната протеза не може да биде стабилна, може да се разгледа поставување на 2 до 4 импланти. Со тоа, протезата се стабилизира и може да се скрати, што овозможува поголем комфор при носење и јадење.

Изработка

  1. Преглед и планирање: Во зависност од состојбата на забите и коската, се изработува план за протетска интервенција.

  2. Изработка на протезата: Мобилните протези се создаваат во фази, со прецизна работа и избор на квалитетни материјали. Ова вклучува создавање на основна форма на протезата, корекција и финална изработка.

  3. Проверка и прилагодување: Потребно е време за прецизно прилагодување на протезата за да се осигура функционалноста и комфорот.

Современите мобилни протези користат квалитетни спојки кои овозможуваат долгогодишно функционирање без оштетување на забите носачи. Прецизната работа, правилниот избор на материјали и мотивираноста на пациентите се клучни за успешен краен резултат.

Контактирајте го тимот на ВЕГА за повеќе информации!

Закажи Термин
Пред before image
Потоа after image