Рентген

Најново во ВЕГА е нашиот дигитален рентген кабинет, опремен со најсовремена италијанска технологија за дигитални рентген снимки: панорами, снимки само на дентицијата (на забите), на виличниот зглоб, на максиларните синуси како и мали снимки на поединечни заби. Користењето на современ дентален софтвер во мрежа ни овозможува овие детални дигитални снимки веднаш да ги гледаме на нашите компјутери низ ординациите.

Иновативната технологија на MyRay™ апаратите е „технологијата на препознавање на морфологија“ МРТ (MRT Morphology Recognition Technology) со која апаратот според индивидуалноста на поедниечниот пациент ја одредува соодветната доза на РТГ зраци со што ја оптимизира експозицијата и ја зголемува безбедноста.

Пресеците од 5 оски произведуваат високо-детализирана панорамска снимка која може јасно да ги прикаже сите детали и да овозможи прецизна дијагностика и точен план на терапија.

Дигиталниот РТГ апарат пак, со кој ги правиме малите снимки што опфаќаат само неколку заби, ни овозможуваат одлична дијагностика и контрола на сработените имплантолошки, орално-хируршки и ендодотски процедури.

Модерната апаратура е нераздвоен дел од современа стоматологија.

Таа останува еден од нашите приоритети..
 

Закажи Термин
Пред before image
Потоа after image