Пародонтална болест, или пародонтит, е сериозна инфекција на непцата која ги оштетува меките ткива и коските што го поддржуваат забите. Ако не се лекува, може да доведе до губење на забите или други здравствени проблеми. Пародонтитот обично започнува со воспаление на непцата (гингивит), што може да предизвика крварење при четкање или користење конец за заби. Ако не се третира на време, воспалението може да премине во понапредна фаза и да ја зафати коската што ги држи забите на место.
Симптомите на пародонтална болест вклучуваат:
Раното откривање и лекување е клучно за спречување на напредување на болеста и зачувување на здравјето на устата.
Откако пародонталната болест ќе се излекува и ќе се доведе во фаза на одржување на пародонталното здравје, пациентот треба да биде добро обучен и доследен во секојдневното одржување на своето орално здравје. Ова вклучува користење на следните елементи:
– Интердентални четкичи.
– Забен конец.
– Автоматски промивачи на меѓузабните простори.
– Испирање на устата со антибактериски препарати (по совет на стоматологот во ВЕГА).
Следењето на ритамот на редовни пародонтолошки чистења на забите, препорачани од стоматологот во ВЕГА, е многу важно. Овие третмани, кај пациенти со пародонтопатија, може да бидат потребни 2 до 6 пати годишно, зависно од состојбата на болеста.
Бактериите предизвикувачи на пародонталната болест не исчезнуваат целосно по професионалното чистење, туку се намалуваат до незначителна микроскопска количина. Во ова минимално присуство, бактериите не се доволно силни да го победат локалниот имунитет на устата. Но, кога тие подолго живеат во устата, се размножуваат и создаваат биофилм околу забите. Колку подолго тој биофилм опстојува, толку поштетен станува за ткивото, кое со време не може да се спротивстави на штетните супстанци, што води до нова загуба на коска и гингива, а забот ја губи својата потпора.
Редовното оддржување е од клучно значење за доброто орално здравје и вклучува:
1. Секојдневно правилно одржување на чисти заби.
2. Редовни професионални чистења на забите од штетниот бактериски биофилм.
Со исполнување на овие два услови, дури и хронична и прогресивна болест како што е пародонталната болест може да се спречи.
Нашиот тим во ВЕГА е посветен на обезбедување на највисоките стандарди во стоматолошката нега. Со употреба на современи материјали и техники, осигуруваме дека вашите заби ќе бидат здрави и функционални. Со повеќе од една деценија искуство, нашата тимска стоматологија нуди естетски решенија кои гарантираат здрави, трајни и задоволувачки резултати.
Контактирајте нè за повеќе информации и закажување на термин!
#Parodontoza #Parodontopatija #Zabenkamen #Profesionalnocistenjenazabite #Parodontalendzeb