Целосна функционално-естетска рехабилитација е процес кој подразбира реконструирање на целото забало, вклучувајќи ги забите и непцата во двете вилици. Ова не значи протетски изработки на сите заби, туку санирање на забалото за да функционира одлично во целост. Поради масивноста на проблемот, вклучени се речиси сите преостанати заби кои се оздравуваат. Потоа врз нив се изработуваат мостови, коронки, инлеи, пломби или селективно состругување. Ова се прави со цел сè што не било во ред да се доведе во функција на целоста.
Луѓето кои обично имале многу проблеми со забите во текот на животот, решавале парцијално и адаптирано на условите во устата. Со оваа комплетна рехабилитација, ја враќаме убавината и функцијата на забалото, онака како што тоа е наменето да биде.
Преглед и планирање: Се прави детален преглед и анализа, се земаат клинички фотографии и модели, и се изработува план на терапија.
Реализација на планот на терапија: Се извршува санирање на забите, што може да вклучува различни протетски изработки, импланти, пародонтолошки или естетски третмани.
Фаза на одржување: Пациентот се следи по ритамот што го препорачува докторот, за да се обезбеди долгорочна стабилност и здравје на забите.
Естетско-функционалните рехабилитации можат да бидат доминантно протетски, импланто-протетски, пародонтолошки или естетски. Без разлика на типот, сите ги минуваат претходните три фази, по кои луѓето можат да ги заборават проблемите со забите. Единствено треба да продолжат со редовни професионални чистења на забите, на обострано задоволство.
Со нашата експертиза и посветеност, во ВЕГА постигнуваме резултати што ги враќаат самодовербата и насмевката на нашите пациенти, осигурувајќи дека нивните заби изгледаат и функционираат одлично.
Контактирајте нè за повеќе информации и здрава насмевка!