Д-р Боби Мицевски

Специјализант по пародонтологија

Специјализант по пародонтологија на Стоматолошкиот Факултет ‘’Св.Пантелејмон’’ при Универзитетот Св.Кирил и Методиј- Скопје.

Повеќе од десетгодишно искуство во полето на општата стоматологија и клиничка пракса во повеќе области, како што се реставративната стоматологија, пародонтологија и педодонцијата.

Активно учество на голем број на меѓународни конгреси, симпозиуми и други едукативни настани од областа на стоматологијата, во земјата и надвор со посебен интерес кон ендодонција, ласерска стоматологија и пародонтологија.

Има неколкумесечно стручно усовршување на Универзитетот Yeditepe Universitesi во Истанбул, Турција; посета на едукативни курсеви за ендодонција во Белград; посета на курсеви од областа на пародонтална хирургија во склоп на специјалистичките студии.

Активен член е на Стоматолошката Комора на Македонија, Естетик клубот – ESCD Macedonia, Имплантолошкото здружение на Македонија , БАСС- Балканското стоматолошко Друштво, Македонското Стоматолошко Друштво и Здружението на специјалисти по болести на уста и пародонтот. Има објава на стручни трудови во Balcan Journal of Stomatology и Vox Dentarii. Активен член на Регионалниот одбор на општина Аеродром, кандидат за делегат во собранието на Стоматолошката Комора и бранител во Стоматолошката комора на Македонија.

Зборува англиски, српски и турски Јазик

bobi-micevski
bobi-micevski