Назад


Дали по вградување на имплант има болка?

Најчесто по имплантирање болка нема. По вградување на имплант, истиот ден и деновите потоа во 99% од случаите нема болка, а чувството што пациентите го имаат е мал дискомфорт и на скалата за интензитет на болка од 1 до 10, тоа чувство најчесто го оценуваат со 2. Ова ниво на дискомфорт дури и не бара таблета против болка иако, при пообемни зафати, заради поудобно одморање препорачуваме една таблета против болка, она што вообичаено еден пациент би го испил при умерена главоболка.

Многу ретко – во услови кога коската во која се вградува имплантот е извонредно слабо снабдена со крвни, односно „сува“ или ако на местото кадешто се вградува импалнтот имало хронична инфекција – после 3-4 дена може да се јави појака болка која укажува дека нешто не е во ред, што бара дополнителна контрола и проценка на докторот што треба да се направи за таа состојба што побрзо да се надмине.

Повеќе »