Назад


Дали еден расипан заб е подобро да се извади или да се спаси?

Оваа дилема ние во ВЕГА ја решаваме откако ќе направиме темелен клинички преглед и комплетна дијагностика на проблемот со помош на софистицирана и прецизна опрема. Откако ќе го процениме ризикот по трајноста на забот, во разговор со пациентот и негово информирање околу предностите и недостатоците на терапијата, како и ризиците по забот, класифицирани по светски признаена класификација, одлучуваме дали забот ќе се лекува или ќе мора да се извади.

Наш принцип е забите да се зачуваат и нивната терапија да овозможи активно користење без проблеми многу години.

Високо-ризичните заби пак, темелно ги проценуваме и заеднички, со пациентот, одлучуваме како ќе ги излекуваме и што од нив може да се очекува.

Забите кои се безнадежни, како: вертикално фрактурирани корени; запуштени, гангренозни корени без доволно здрава забна супстанца за да може воопшто да се оптеретат; како и полуимпактирани заби што предизвикуваат кариес на соседните заби или повторувани инфекции, се некои од индикациите кога забот мора да се извади.