Назад


Дали бремени жени смеат да добијат анестезија?

Во првото тромесечје од бременоста, анестезија не се препорачува. Болни третмани во овој период се избегнуваат и се оди кон наједноставни методи во спречување на појава на болка и одложување на третманот во подоцнежна бременост. Во следните тромесечија може да се добие анестезија, под услов бременоса да е нормална. Типот и дозата ја одредува доктор по стоматологија, согласно анамнезата, а во специфични сотојби и во консултација со гинекологот на пациентката.