Истрошени и изронети заби во предната регија честопати укажуваат на нарушена функција на задните заби. Оваа состојба може да биде резултат на различни фактори, како што се:
Недостаток на заби: Поради губиток на задни заби, предните заби можат да претрпат повеќе стрес.
Стари и преголеми Ппломби: Композитни пломби кои не се соодветно обновени може да доведат до нарушена функција.
Искривени заби: Прераниот губиток на молари може да предизвика искривување на забите.
Намалена вертикална димензија: Спуштен загриз влијае на целокупната функција на забите.
Бруксизам: Прекумерното триење на забите може да ги истроши и изабе.
Повторено кршење на пломби или коронки: Често кршење на бочните пломби или коронки може да укаже на проблеми со функцијата.
Што да очекувате од прегледот?
Нашиот специјалист ќе изврши темелен преглед за да ги утврди сите специфики на вашиот загриз, функцијата на забите и степенот на оштетување. Прегледот вклучува анализа на студио модели од вашите заби и изработка на индивидуален план за корекција. Во зависност од степенот на оштетување, можеби ќе биде потребна замена на постоечките пломби со нови и квалитетни композитни пломби, или во некои случаи, со коронки.
Функционална и естетска реконструкција
Кога ќе се постигне стабилна функција во бочната регија, може да се премине на целосна корекција на естетиката на предните заби. При функционално-естетска реконструкција, применуваме минимално инвазивен пристап, кој вклучува:
Модерен план за реконструкција: За сериозно оштетени заби со повеќе од 50% изгубена забна маса, можеби ќе биде потребна целосна реконструкција на сите заби, вклучувајќи нова оклузија и нов образец на џвакални површини.
Прецизна примена на принципи: Применуваме принципи на стабилна функција и оклузија без компромис во сите фази на работа.
Ако имате истрошени или изабени заби, кои се чувствителни на дразби, јавете се веднаш за бесплатна консултација и пронајдете решение за вашиот проблем!
Тимот на ВЕГА ве очекува!