Дентален туризам при ВЕГА
Голем дел од нашите пациенти потекнуваат од други држави, подолго или пократко престојуваат во земјава заради работни обврски, а одбираат довербата за нивното орално здравје да ни ја доверат нам. Имаме искуство со пациенти кои потекнуваат од 27 европски држави како и повеќе прекуокеански земји.
Работењето со нив потенцира неколку аспекти како што се:
- препознавањето на методите и технологијата на работа при третманите што вообичаено ги добиваат во своите татковини
- медицинската култура и начинот на живеење од земјите од кои потекнуваат
- препознавањето на исти вредности во нашиот принцип на работа
- соодносот на квалитет-цена
- добрата комуникација на мајчин јазик или јазик што добро го разбираат, a што е особено важно при пружањето на стоматолошки услуги
- прецизно планирање на третманите
- почитување на термините и на временската рамка
- исполнителноста на предвидените планови на терапија
- исполнување на очекувањата на пациентите
- потврда од нашите интернационални колеги за квалитетот на добиените услуги
Некои од нашите пациенти пак, што живеат во странство, а одлучуваат своите стоматолошки услуги да ги добијат кај нас, доаѓаат одбирајќи своето слободно време да го искористат за тоа. Кај нив особено внимаваме на:
- добра комуникација
- прецизно планирање на третманите
- навремено е прецизно планирање на временската рамка и термините потребни за тоа
- доследност и исполнување на планираното во заокружена временска и финансиска рамка со цел да добијат ефикасна, а пред сè долгорочно квалитетна услуга.