Д-р Даниела Цветановска Стојчева е специјалист по орална хирургија која својата специјалност ја додава на богатото клиничко искуство во работа со комплексни стоматолошки случаи, кои се нејзин фокус веќе 15 години. Во решавањето на комплексни стоматолошки случаи се користи со широк спектар на стоматолошки дисциплини како: дентална имплантологија, импланто-протетика, фиксна протетика, ласерска стоматологија, орална хирургија и пародонтологија.
Со своето образование во областа на денталната имплантологија се стекнува на факултетот Karl Eberhardt Universitaet – Tübingen, Германија во својот двегодишен престој како стипендијантка на DAAD – Германската служба за академска размена, во периодот 2004 и 2005 година. Во текот на студентскиот престој на Одделот за протетика, имплантологија и научна секција, на стоматолошкиот факултет, освен редовната програма посетува и бројни конгреси, симпозиуми и курсеви од областите имплантни системи, протетика врз импланти и стоматолошка протетика стекнувајќи соодветни сертификати.
Со своето образование во ласерска стоматологија се стекнува на курсеви во Скопје, како и обука во Израел во 2011 година, а во 2012 и 2013 година е ангажирана како интернационален предавач за револуционерна технологија на денталниот Er:YAG ласер LiteTouch од израелската компанија Syneron, одржувајќи курсеви и предавања на стоматолози во: Хелсинки и Оулу во Финска, Шангај и Нанчанг во Кина, Сингапур, Берлин, Пловдив и бројни предавања во земјава.
Иницијатор и организатор е на создавањето на Имплантолошкото здружение на Македонија при ДДДММ, чиј претседател е 2018 година.
Повеќе
Организатор е на интернационални и домашни едукативни проекти и настани за стоматолози како дел од неформалното образование и континуиран професионален развој во областите на дентална имплантологија и ласерска стоматологија.
Во однос на стоматолошката пракса обучувала и раководела со мали стоматолошки тимови комплементарни со мултидисциплинарен приод во стоматологијата преку 10 години, способна да ги препознае и поттикне вештините на вработените и членовите на тимот. Учествувала во севкупниот работен процес на современа стоматолошка ординација, имајќи ја предвид стоматолошката услуга полиаспектно и со приод кој го става пациентот во центарот на вниманието.
Комуникативна и ориентирана кон пациентот, искусна во работа со интернационални пациенти од различи култури и со различна позадина, со фокус на добро структурирана терапија по принципите на медицина базирана на докази, долгорочно остварувајќи позитивни резултати.
Сертификати
Странски јазици: англиски, германски, српски, хрватски и базичен италијански јазик.
Работно искуство
Ангажмани
Образование