Специјалист по ортодонција, консултант за оваа област во ВЕГА.
Родена во Охрид, средното образование го завршува 1998 година во СУ ,,СВ.Климент Охридски” во Охрид.
Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот во Пловдив, Р. Бугарија, каде со висок просек ги завршува студиите во 2004 год.
2004 год. основа своја стоматолошка ординација во Охрид активно работејќи реставративративна стоматологија, како и фиксна и мобилна протетика.
Заради голем интерес кон ортодонцијата, а како надополнување на својата стручност во стоматологијата, во 2008 година запишува специјалистички студии по ортодонција на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје, Р.Македонија. Истите ги завршува во 2011 година, од кога активно работи во својата област.
Своето образование и стручност ги надоградува на многубројни конгреси и семинари како во земјата така и во странство.