Д-р Ана Бундалевска Александровска е специјалист по стоматолошка протетика, која со години е ориентирана кон сеопфатен третман на комплексни стоматолошки случаи со посебен фокус на минимално инвазивна естетска стоматологија, ласерска стоматологија, пародонтологија, третман на оклузална дисфункција како и комплексни протетски случаи кај пациенти со изабеност, трошење на забната маса, парцијална беззабост, импланто-протетика.
Нејзиниот спектар на работа опфаќа повеќе стоматолошки области како стоматолошка фиксна и мобилна протетика, пародонтологија, ендодонција, ласерска стоматологија, а во естетската стоматологија е со посебен акцент на непрепарираките фасети, за што таа е првиот лиценциран предавач за оваа тогаш револуционерна технологија во нашата земја, од компанијата DenMat, Калифорнија, САД во 2007 година. Пристапот на темелно дијагностицирање на проблемите кај секој поединечен случај, давајќи посебен акцент на сеопфатноста во пристапот, внимавајќи на секој детаљ и негово вклопување во целата слика, како и обучување и мотивирање на пациентите за одржување на постигнатите резлутати, даваат бескромпромисен квалитет во изработеното.
Своето богато стоматолошко искуство го споделува со помладите колеги, учествувајќи во нивни обуки, одржувајќи и бројни самостојни курсеви.
Нејзините искуства во раководенње и организација на стоматолошка ординација се гледаат и низ изработката на протколи за работа во стоматолошка ординација, преточувајќи ги своите стоматолошки искуства стекнати во САД во координирана, модерна и безбедна стоматологија.
Повеке
Во својата кариера со повеќе од 15 години работно искуство, работела на поставување и организација на работа на стоматолошки ординации, организација и градење на тимови, воспоставување на протокол за контрола на инфекција во стоматологија, развој на комплексен дентален софтвер.
Како сертифициран предавач за минимално инвазивни фасети, има одржано повеќе интернационални курсеви за Луминеерс (ДенМат, САД), а со свои предавања од областа која ја работи и истражува е присутна на бројни симпозиуми и научни конгреси.
Од 2018 година е дел од основачкиот тим на Македонското здружение за естетска стоматологија (https://mzes.mk/ ), кое е рамноправен член од Европското здружение за естетска стоматологија (ESCD). Со МЗЕС работи на стандардизација на естетската стоматологија во Македонија, преку организација на стручни клубови за размена на знаење и искуства, како и преку годишни стручни настани, на кои учествуваат познати имиња од целиот свет.
СЕРТИФИКАТИ :
РАБОТНО ИСКУСТВО И АНГАЖМАНИ
09.2018 – до денес МЗЕС – здружение за естетска стоматологија, член на основачки одбор
2011 – до денес регионален opinion leader за LUMINEERS, DenMat
2007-2019 ЕТЕРНАдент – стоматолог и партнер
2006-2007 Dr. James J. Stevens, ChevyChase Maryland. – практикант
2003-2006 Д-р Руса Велиновска – стоматолог
ОБРАЗОВАНИЕ:
2009- 2018 Универзитет Гоце Делчев Штип – специјализација по стоматолошка протетика
2002-2003 Универзитетска клиника Скопје – стоматолог/ стажант
1995-2002 Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје – стоматолог
1991-1995 МУЦ Д-р Панче Караѓозов, Скопје – забен техничар