Начини на плаќање

Цените на нашите услуги се изградени грижливо и врз база на вложеното знаење, искуство, вештини, технологии, материјали, време и почитување на протоколот во решавањето на стоматолошкиот проблем.

Пазарните услови во одредена мера влијаат врз цените на услугите, но она што ја одредува цената на нашите услуги е посветеноста третманите да дадат долгорочен успех и отсуство на проблеми.

Оттука, се трудиме соодносот цена-квалитет за нашите пациенти, да биде навистина поволен.

Во нашата ординација постојат можности за користење на платежни картички, плаќање во готово, на фактура, но, кај пациентите на кои им се потребни обемни стоматолошки зафати, а понекогаш и комплетно рехабилитирање на целото забало има можности за плаќање на рати со помош на одредени платежни картички, како и банки кои нудат поволни кредити/производи за стоматолошки интервенции.

Соработуваме со многу осигурителни компании кои нудат здравствено осигурување, но и со компании кои имаат висока корпоративна култура и грижа за своите вработени, овозможувајќи им одредени поволности во нашите ординации, со што директно го поддржуваат подобрувањето на медицинската култура и одржувањето на доброто здравје на своите вработени.

Назад