Како да нѐ најдете

Пешки

„ВЕГА за вашата насмевка“ се наоѓа во непосредна близина на ТЦ ЗЕБРА во населбата Капиштец во Скопје. Од паркингот за ТЦ Зебра, т.е. неговиот излез кон запад, кон н. Ѓорче Петров, поминете ја улицата „Васил Ѓоргов“ на пешачкиот премин и влезете на паркингот меѓу Домот за деца без родители „11. Октомври“ од десно и зградата од лево. По паркингот одете во насока кон Водно ca. 100 m и за ca. 2 минути ќе стасате на ул. „Козара“ бр. 29, речи си пред нашата ординација која е на ул. „Козара“ бр. 33.

Со автомомобил

„ВЕГА за вашата насмевка“ се наоѓа во населбата Капиштец во Скопје во непосредна близина на новото ООУ „Киро Глигоров“ и Заводот за рехабилитација. Влезот во нашата улица „Козара“ е од ул. „Васил Ѓоргов“. Кога по ул. „Васил Ѓоргов“ доаѓате од Центар во насока на Козле, веднаш по ТЦ. Беверли Хилс, а пред училиштето „Киро Глигоров“, вртите лево и влегувате во улицата „Козара“. По ca. 100 m, кај Заводот за рехабилитација, улицата врти лево и продолжувате по неа уште ca. 200 m (1 минута) кадешто од десната страна ќе ја забележите ординацијата, која се наоѓа на ул. „Козара“ бр. 33.

Со автобус

Најлесно ќе нè најдете ако дојдете со автобусот број 57 и се симнете на автобуската станица на ул. „Васил Ѓоргов“ кај ТЦ. Зебра, кај белите кули на почетокот на улицата. Од тука одете пешки ca. 200 m или 3 минути по истата улица во насока кон Козле, покрај ТЦ Зебра, и кајшто завршува паркингот на ТЦ Зебра а, пред Домот за деца без родители „11. Октомври“ свртете лево. Од тука видете во описот ПЕШКИ и за ca. 2 минути сте кај нас.

Назад