Д-р Маја Петревска

Д-р Маја Петревска животната професионална приказна ја започнува во 2008 година како забен техничар во средното медицинско училиште во Скопје и завршува во 2012 кога се запишува на Стоматолошкиот факултет во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Се стекнува со титула доктор по дентална медицина во 2017 година, по што своето образование го продолжува на магистерски студии по дентална патологија на истиот универзитет.

Во моментов таа работи на своето магистерско истражување во областа на реставративната стоматологија т.е маргиналната адаптација на композитите од палетата на Ivoclar Vivadent.

Во 2019 година, како победник на национално ниво, за најдобро изработена постериорна реставрација II класа, зема активно учество на Dental Progress Student Award организиран од Ivoclar Vivadent на ниво на Југоисточна Европа, кадешто освојува 4-то место во конкуренција на стотици апликанти од 22 држави и 40 факултети, што и овозможува активно учество со усна презентација на Competence in Esthetics во Будимпешта, Унгарија. По покажаниот успех со усната презентација станува дел од тимот на меѓународната компанија Ivoclar Vivadent како young opinion leader.

Во 2018 година, како еден од двајцата победници на националниот натпревар, добива шанса да земе активно учество со усна презентација на меѓународниот натпревар организиран од GC Europe во Леувен, Белгија под назив Essentia Academic Exellence Contest на кое активно учество земаат 12 учесници избрани од 100 аплицирани универзитети на ниво на Европа и Среден Исток на тема најдобро изработена реставрација во фронтална регија.

За време на студиите зема активно учество во студентските домашни меѓународни конгреси.

Работно искуство: 2018-2021 Дентал центар Поп-Ристови, Гевгелија, а од 2021 ВЕГА за вашата насмевка, Скопје